та (сврз.) - ајде (чест.)

Божем некој друг ти печали та ајде, бабо Анчо, удри гори што повеќе. (Ја зима фурката и седнува на каменот) Да ти се невиди и среќата твоја вака...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
— Ха ха ха! — се насмеа Диме. — Ами Вели ага што ќе ни направи на обајцата, та ајде да му и продадеме, белким и ние ќе обуиме по некој здрав опинок — пак Диме на шака му одговори на Мирчета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)