та (сврз.) - ќе (чест.)

Да зема и јас некоа лиричка со лесно. Не гледаш, со работа тешко се вадат тие пустињи, та затоа и те прашам и моља ако имаш некој приател, земи и ти на твое име, прибери и, та ќе се врата по некој пазар и друг, ќе и прибера и ќе ти и броа паричките.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Бегот е претставител на султанот, та ќе треба и тука да се знае кој е погоре, кој подолу.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во тој момент Толе рикна од карпата: — Слушај, аго, дали пука и варди дали дупи — и тргна за ногата од манлихерата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И така, сега за Толета, дојде жива згода.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На неколку чекори го запре и му викна на стрика си да појде кај него, па му вели: — Ќе ве јадат шо ќе ве јадат виа пци, токо баре ти си помлад, гледај, позацкри се дури да се врата та ќе дојдиш со мене.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ошче поарно. Тогаш и твоите блиски муабети со неа нема да им паднат в очи на другарите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се сети дека ќе предизвика апетит кај стариот мудур и заптијата, та ќе треба да си има расправија ако посегаат и тие да ја потштипнат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По стопати берете му го гревот — заврши Пере и длабоко воздивна, вртејќи ги очите од Јордана да не му го гледа суратот. — Е, море, ние, ние.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ако влезиме тамо, ќе не намирисаат та ќе си го расипиме меќанот во Пчишча.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Расчистија прво со селата и почнаа систематски да ја претресуваат планината, така подробно и полека, што поминаа веќе две недели, а уште не стигнаа до комитите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе се закикоте на коњот: — Голема работа свршивме, господин Борис, та ќе се одмориме, токо ајте ми со здравје! — и го дупна коњот, ги остави.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А овдека чуката од двете страни е гола, а што е најглавно, ги знаат точно каде се, та ќе го насочат нападот точно на нив, ќе ги опколат и сите живи ќе ги изловат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Така ноќеска ќе а ватиме Маргара, како шо ви реку, та ќе најдеме и некој комад лебец од Чанишча.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мислите дека ја растуривте, но мене ми се чини дека не ќе оди така лесно таа работа како вие што си ја претставувате, — па се обрна кон Перевци: — Другари!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Море, мирни калуѓери и на Велипеток прасе јадат; било та се рекло — одговори Јован и го ослободи Толета дека збор нема да испушти по однос на неговата посестрима Митра Брлева, што ја остави пред две три години во Софија, а која се врати и настојува да тргне со него како негов четник.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ама ете, ги изедовте триците во Смилево, та ќе ги плаќаме сега греовите сите, и криви и прави.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— A јас ќе потврда дека го познавам од затворот, та ќе се уреди сета работа, а?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ами вака: Ние ќе ја напуштиме земјава, луѓето ќе се приберат. Co малку маки и страданија ќе помине и оваа бура како сите вакви досега, и ајми со здравје — го поткрепи предавничкиот став и Тренков, додавајќи дека „ете, Хилмипаша ветил амнестија, та ќе им биде полесно на луѓето без нас, отколку со нас".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ова „да си излеземе" го растревожи Тодора, бидејќи му се расипуваше планот со пазарлакот, та ќе му се слизнат некој и друг черек, или барем пијалокот, та стана и тргна кон Сивевата кула.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мислам дека ќе фати оваа боја, а? — Убаво си ја скроил.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ако не легниме, ќе замава Рифат, по очи, по глава, по раце и по ребра, та ќе си останиме алипни до векот — ја правдаа својата ропска покорност.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ќе го дигне аскерот ошче ноќеска — одговори Митре.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Двесте души нѐ исплашија и нѐ нападија со еден плотун како чавките Дервиш полјакот во Бзовичко, та ќе го дочекаме Џавидпаша со две, а може и дваесет илјади души.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Вие само растете, та ќе му се обидиме и на ниј како на Аќифа".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Иди, доведи тој магаре коџабашијата да видиме што ќе речит на овој лав.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дури така беа во недоумение, дотрча одозгора и Ивановиќ којшто исто ги слушна буриите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толку повеќе што утредента беше недела, та ќе се собере цело село.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Добар ти е планот, брат Толе, добар.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Само елате пред манѕерките, та ќе видиме кој појунак. — и го продолжи следниот стих.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сигурно на ниј нема да пукнат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Доста вјаваа ако е за фајде; да ги симнеме еднаш од грбот, да си починеме и ние, нели сме душа, стопанка му — заврши детето, а Толе веќе се пренесе со мислите како ќе излезе од апцаната, ќе му појде првин на Валијата во Битола, ќе го поткастри со сите негови мезличари, со сите гавази и слуги; после ќе ги најде сите бегови од прилепско битолското поле, ќе си оди во Крушевица, та ќе ги суреди Адемовци, Селимовци, Ќемаловци и сите други како нив. Море ќе кола, ќе кола, ќе кола дури ќе ми сечи ножот и дури ќе ми мава раката".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Оставете ги зајадувањата, ами да поразмислиме за главите, оти ене и агите, веќе наближуваат, — ги прекина пак Толе сред заострениот разговор.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Е, што велиш ти, Ѓорче?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Тогаш, ајде, побрго да касниме, та ќе ти најдиме и тебе работа, нели сакаш да се замешаш во нашите работи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој знаеше дека сите овие чорбаџии располагаат со добри парички, та ќе може да ги уцени и да направи еден „алашвериш", како ги викаше тој своите подвизи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Еве шо: јас сега ќе запала цигара (оти на човек без цигара ноќно време патролата не му викаше ни да застане, ами веднаш стрелаше на него, сметајќи го за комита) и ќе слеза до Мачкарови, та ќе му кажа на муљазимот дека на бичкијата дојде Толе Паша.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— За кого нема леб, бре пес, кај вас? — му се овргали Толе, а Брниклијата замава со стапот по Дима, уште неналегнат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Аскерот е сиот одоваде река, та ќе можеме да се поиздишиме и да поразмислиме за понатака.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ете, јас слушна за некој си Мише Ќосото, што паднал апцана, та ќе се претстави дека и таа како тебе му се искубала на агите и нѐ најде нас.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И така бргу сум дојден, та ќе ги убедувам агите оти не сум ни бил в планина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А бидејќи Толе лани дојде да ги вика селаните во борба заедно со четите чии војводи Сарафов, Тренков, Гарванов, Чакаларов беа Бугари, тоа Димо им го објасни дека и Толе е бугарски војвода, та ќе треба и него, не само што да не го слушаат, ами дури и да го бркаат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сето тоа, во ваква сре­ди­на каква што сме (без понуда, без пазар, со огромни питони-монополи), бара просто неверојатен напор со прилично магловите резултати... 1995-та ќе се обидеме да објавиме седум книги Маргина, исто како и 94-та, но многу подебели и со посебни додатоци.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ти не ме викаш како што сум крстен, туку: „бре, море, Коте...“ Јас не сум маче та ќе ми викаш коте! (Сите се смеат и де гледаат во Котета, де гледаат во Депа).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Јас, мајко, тргнав, заминав, куса си пушка нарамив, планина Пирин развила, бајрак се вее сред неа: Јас ќе го, мајко, дофанам, над село ќе го развеам, та ќе те, мајко, куртулам од тоа ропство крваво.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Здрав е во нозете и знае по некој албански збор, та ќе може да се најди ако по пат се изгуби.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Нека ни се здрави и живи дечките, та ќе даде Господ да си дојдат – шепотеа и се тешеа со големата желба и надеж...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Зошто постојам?‘ Затечен од прашањето негово, тогаш ви реков дека самиот Бог преку пророкот Исаија рекол дека Небото му е престол, а Земјата подножје на нозете негови.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Зошто секој ден повторно и повторно грешам со телото свое и со секој ден се движам сè поблиску кон смртта ако е таа само премин кон другиот свет и ако душата моја е бесмртна, та ќе воскресне во вечен живот?
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Приквечер ме викна дома му и „ќе одиш та ќе одиш...“
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ајде, време е, ќе најдите навале, та ќе залевате до стари вечери.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Каде се ружаш ти со котолот? — Ќе ода по вода од бунарот, да ни се најде за расип, оти ете — сака да се замиат мисурките, тепциите, та ќе требе и некое и друго буленце да замесиме.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Кој ќе чуе та ќе рече: „Сукалови сношчи со компири и дочекале госјето".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ете, и сам слушна оти ваа година бериќетот е слаб, не се роди, та да беше како од годините и шестотини да ти дадеме, токо не собираме, та ќе се страмиме.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Ама и он гледа оти го чекаме со душа, сполај му, та ќе дава, шо ќе прави!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ќе се овршат и ќе се мери житото, та ќе се најде средниот принос од сноп.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Домашниот есап никогаш на пазар не излегува, но затоа тука е бацко Пере, бацко Петруш, бацко Алекса и други мариовски пријатели, та ќе ги сосаат луѓето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нека врцне три четири пет та ќе а прашам и ќе а вида колку ќе и чисте".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На прашањето од татка му кај оди толку рано одговори дека има нешто да учи со другарите Лулето, Русета и други, та ќе се соберат" кај Шпира Калешков да им покаже тој како ученик од II одделение.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Мори, златна сваќе, златна! Какви 'рслани, млади како роса, останале кај нас вдовци и не можат да најдат, та ќе најде Илко на четириесет години, токо го ватало сиромаот — ќе си а т'че, главата од ѕидот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тие разбраа дека тоа село сега на Петковден има селски панаѓур и тука се собираат селани од сите мариовски села, а панаѓурот трае три дена, та ќе направат добар лов уште тука и од другите села.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сакаше да каже сите Мариовци, до куче, да се испечат, но се сети дека тој е сега бег на Мариово, та ќе му требаат луѓе за работа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
– Разорав баеги ледини од чифлигот, та ќе ми требаат уште два чифта волови, а за луѓе, нека се живи каурките, родиле доста синови за нашите чифлизи. – Навистина ефендилер, немате ли некој каурин фазла да ми дадете за работа?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
– Мислам дека им е денот на Старавинци ваши, та ќе накачам да пишам некој шиник ако милуваат – и тргна со коњчето нагоре по тесното и стрмно патче каде што настрадаа Суљо и неговата дружина.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Мухамед ќе го побара во своите ќитапи ќе види дека таков Турчин нема родено на земјата, та ќе го напади; не го пушта во неговиот рај.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И... се плашам ќе ги заразат тие арамии и комшиите, та ќе си имаме уште поголеми главоболии.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И за вистина, Силјане, клетвата од старецот, што ги колна прадедови ни, ни се исполни и до неколку години сите деца од лошата сипаница изумреа и останале сите како црни кукавици без челад; да му е милост на Бога, зер нејќел да нѐ сотре сите, ами и дошол на старата од стариот на сон за да им каже на дедови ни да појдат кај изворите и во едниот извор да се искапат, та ќе се сторат штркови, и да прелетаат бело море и црно, та да појдат во вашата земја и тамо челад да родат и да ги изгледаат, та пак овде да си дојдат и да се искапат во другиот извор, та да се сторат пак луѓе.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Секое одење на пазар, Силјан, уште неслезен од коњ, право ќе појдеше кај лебарниците и ќе земеше еден топол сомун ас-екмек и ќе си купеше тан-алва, та ќе јадеше.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Му влагаше кај комшиите дома, ќе отвореше ноќвите та ќе изваеше сѐ што имат внатре и ќе наклаеше сѐ насрет куќа.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Мила шчерко жабице, не фатај се код момче, ќе е момче ѓаволче, та ќе во оро да рипне!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Фелер ќе добијам!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
- Мене ли марш? - се ококори Кузе. - Мене ли? Веднаш ќе одам кај командантот, та ќе видиш ти!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)