така (сврз.) - го (зам.)

Така го одржуваше животот на семејството, но во овие гладни времиња таа остануваше најистоштена.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И така го кладовме пологот во седелото, тргна коренот, се шириме, се темелиме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Мајка ми направи многу убави колачиња, - вели Зоки и така го прекинува разговорот што неговите родители го започнале со гостите.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
– Дали сте благословени од света Богородица, кога така го штитите името на нејзиниот премудар син, – одговори калуѓерот и го извади тефтерот од торбата и му го поднесе на поп Јакова, говорејќи му: – Ако милуваш да подариш нешто за света Богородица, запиши во него.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)