така (сврз.) - да (сврз.)

Битолскиот Грчки владика Партение беше начул за скарувањето Максимово со битолските и прилепските првенци, како и околу што било скарувањето, па скротил план како да го добие Максима за себе за од него да добие согаласност тој да ги освети општината и училиштето и така да ги направи грчки, па почна во Потковицата да испраќа свои луѓе, некои битолски трговци гркомани.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
За разлика од него Изабел постојано зборуваше но и прашуваше така да нималку не бев запоставена од неа.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Во некој момент сигурно забележала, застанала молкум да ме набљудува како и самата нешто да очекува; веќе беше невозможно да не ме издаде напорот да го продолжам тоа затишје, да не го прифатам тоа пак да се вратат наспроти Мари-Клод, против Мари-Клод која не можеше да разбере, која молчешкум ме гледаше исчекувајќи; да се пие и пуши и да се зборува со неа, за до последниот момент да се одбрани слаткиот интеррегнум без пајаците; да се запознае нејзиниот едноставен живот работа-дома и сестра студентка и алергиите; да се сака, така да се посакува тој црн прамен што ѝ го чешла челото, да се сака таа како цел, како стварно последна станица на последниот метро во животот, а тогаш - бунар, тоа растојание од мојот стол до онаа клупа каде што можевме да се љубиме, кадешто мојата уста можеше да го испие првиот мирис на Мари-Клод пред во прегратка да ја однесам до нејзината куќа, пред да се качиме низ оние нејзини скали и најпосле соблекувајќи ја од себе толкавата облека и толкавото чекање.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
А потем тој помина, така да кажам, во напад и го напиша оној есеј со којшто си ја запечати судбината.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се огледа наоколу да не би да го види некој и незабележано го помести каменот така да штицата сега се држеше само со еден крај.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Знаеш, сѐ она што го зборувам за него, за Семјон, за рускиот човек што ти беше татко, кој и самиот се чудеше колку е Русин бидејќи мајка му била Украинка а таткото Козак, само е делче или така да се изразам најмалото делче од вистината за него, бидејќи тој, покрај мене помина без да го допрам; тој беше, ете, да не должам, една голема отсутност.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но не само на Белогардејците. Кафеаната беше собиралиште и на кодошите, на агентите, на уличарите, така да се рече на сиот џган. И не само на оној, градскиот џган.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Така да знаеш... За арамијата, за Лумана. Ми го фати прагот кучето...
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
На пилето ќе му речеш: „како што ти работат крилјата, така да ми работат рацете, прстите“ . И кошула ќе веземе, ѝ велам, твоја рака ракавите ќе ги везе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На реката ќе ѝ речеш: „како што брза водата твоја, така да ми е брза работата моја“. 168
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)