што (сврз.) - прави (гл.)

Навистина, уште е рано, но, како што се вели, нужда закон менува: и тие со татко и нема да го чекаат Крлето осумнаесет и дваесет години да бреа по село, како што прават сиромашките ергени, ами ќе го наоглават уште на петнаесет шеснаесет години, да се отвори куќата и да има кој да му чини измет на татко ѝ и брат ѝ на Бисера.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Колкупати во студот сум си рекла да слезиме долу кај пашитата. Да си дишеме заедно со добитокот. Едни со други да се топлиме. Како што правеа мнозина.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Прави што правиш, чести си го таткото и мајката да не добиеш некоја клетва во некој лош саат, за да тргаш мака".
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ја исполни чувство на живост, и тоа ѝ влеа чувство на забава и желба да трча и да скока, како што правеше кога беше мало девојче.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но мора да беше тој, зашто човечето си побара од наречената братучеда да го почести, па мајка му отвори една тегла со зашеќерено слатко и му ја тупна со забришана лажичка и чаша вода, токму онака како што правеше со окупаторските војници што ни упаѓаа дома како неканети гости и без збор благодарност или насмевка ќе ѝ ја вратеа теглата откако ќе ја испразнеа до дното, не задржувајќи ја ни за спомен.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)