што (сврз.) - работи (гл.)

И ние, со проштение, сѐ кај што работиме: и јадење и мочање и сето друго го вршиме во фабриката.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Старецот весело ги распрашуваше за сето време, им прикажуваше за работата на младинците, кои што работеа блиску до неговото село и ги закачаше дека ако не станат ударници веднаш ќе ги симне од колата, за да продолжат пеш по јулскиот пек.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Дојдоа и кај нас на патот, кај што работевме. Прашуваат да не има некој мака, да не го тера некого понадвор.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Одам секаде кај што одеше Јон, кај што работеше. Ја гледам трупалката, кај што сечеше дрва, коралницата на која ги овчеше колцата, кај што ја точеше секирата, брадвата теслата; ги гледам деланките, секаде има по нешто негово, по некој засек, по некоја сенка, стапалка, а него го нема.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)