што (сврз.) - сака (гл.)

Не само јадење и пиење, ами отворија и бакалница, та дури и магацин со обуш и облекло и разни ситнурии; огледалца, мониста, прстенчиња, обетчиња и којзнае какви ситни ѕрнѕурки, кои по Европа се продаваа по десет и педест за пара, а овдека Челебијата си ги определуваше цените како што сакаше и колку што сакаше.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ние можеме да го велиме како што сакаме, но во дејствителност тоа беше само частично.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
— Како што сакаш, ѝ велам, но еден ден волци ќе ти ги влечат цревата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сега не смееш да знаеш колку што знаеш, ми велат, туку само онолку колку што сакаат тие.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А кај може човек да живее како што сака и да мисли како што го тера.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На ден Панделејмон си летнале со Аџи Кљак-кљак и со аџиицата, со децата нивни, и си отидоа во штрков вилает здрави и живи како што сакаше Господин Бог.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Не заради друго, заради тоа што толку многу е измачена. Заради тоа што сакав да направам нешто, што и да е, само на неа да ѝ биде малку подобро.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Не се сеќавам што би рекла мајка ми во ракописот што ни го остави за да ни каже колку малку им се посветуваме на оние кои не сакаат, колку време мина од разговорот со неа, еден или два часа, кога ми се јавија од клиниката да ми кажат дека и е лошо и дека не знаат дали ќе и издржи срцето!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тој што не е роден – нероден е, па нека се вика како што сака.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ќе биде така како што сакате.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
По еден час и Бошко Манев, кога дотрчаниот Танас му кажа, исто така знаеше што го чека зашто арнаутскиот обичај на сите им беше познат: кога некој ќе ти плати за сѐ што кај тебе јал и пил – тоа значеше дека има право да ти одмазди како што сака за она што мисли дека си му го сторил.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Месиме и со расолница, со пиперница. А и расолница не смееш колку што сакаш да туриш. Мислиш и на друго месење.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сака да нѐ баци жената, а ние не знаеме што сака.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
така после и Бугарите нѐ држеа понастрана, првин ни дадоа да подработуваме околу казаните нивни, околу јадењата и Стеван Докуз стана поразговорлив, почна и тој да арчи зборови: ами судбина, Мирче, ќе ми рече, така ни било пишано, а јас ќе му одговорам: да му се мочам во писалката на тој што напиша така и Стеван ќе ја сврти главата и ќе земе да трупи дрва и да дроби компири и ќе џвака нешто-што било, - ќе прежива со устата, оти тој кога сака и колку сака може да огладне, колку што сака не може само да се најаде, гладта, ко кучка му стои на желудникот, во дупнато решето водата николку не стои,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)