што (сврз.) - јаде (гл.)

Со тоа си земаа збогум со свети Димитрија и го молеа да им ги прости гревовите што ги направиле за оваа и друга година, што газиле околу манастирот, што јале и збореле можеби понекој непристоен збор во негово невидливо присуство.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
– „Ах, јас сиромав, си рекол сам со себе, дали така ми било речено, наместо од прасе месо да јадам понапред, сега си јадам жаби; наместо јагули и риби напред што јадев во златниот град Прилеп по ладните меани, сега си јадам гуштерици и кауѓерици.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Не успеа дури ни да довлезе дома: кај што јадел, кај што спиел.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)