што (сврз.) - ги (зам.)

До тој степен компјутерските фонтови се поврзани со нашето современо, електронско чувство на време.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тоа не е континуум. Темпоралната разлика што ги одвојува фонтовите и текстот е не-време, сингуларност.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Градоначалникот беше човек во години, одмерен, макар што ги знаеше границите на својата власт, а кога беа со партискиот секретар на градот еден спроти друг, му ја препушташе нему иницијативата, овој пат му стана веднаш јасно дека сам треба да ја преземе иницијативата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Акција, другари. Секавично ќе дејствуваме. На препад и - магла. Братот сѐ испланирал.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Гледате, жртвите се спокојни. Не знаат што ги чека. Тивко ќе се доближиме и - цап! - амблемот го нема.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Бевме љубопитни и тргнавме по Љупчо. Скршнавме лево од главната улица, па десно зад големата зграда. Таму беа паркирани неколку автомобили.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Во отоманските простории на Судска медицина ги пречекаа некои лица под гази и со гумени ракавици, кои би можеле да му бидат некогашни колеги од студии или вонземјани ангажирани за хонорар, што ги одведоа до една поголема просторија како семинарска читална по чии ѕидови место рафтови со книги се редеа кофчежиња за картотеки.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сѐ уште го гледам: претепан, со крв што од носот му се слеваше во устата, со нога што ја влечеше, зад себе, оти Фисот го беше претепал како никој, Бога го беше отепал во него, заради есејот со кој Лудвик стана херој кога се смени власта; но тој, како што ви е познато, не наседна на тие „партиски финти“, како што ги нарекуваше, и иако му нудеа место во новата власт, тој не се огласи.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во одговорот на овие прашања ќе треба да се продолжат расудувањата за народноста на Македонците од таму каде што ги оставивме.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Литературните обиди на македонските пишувачи во XIX век, за жал, немаа такво значење за да добијат следбеници, затоа ако и сега во XX в. гледаме некои обиди да се пишува на македонски, тоа не се прави свесно и од некакви патриотски влечења и цели, ами само за забава; 159 Во тоа се состои разликата на нашата, т.е. македонската духовно-национална преродба од онаа на другите православни словенски народи, со други зборови: како што понапред ние постепено и први се просветувавме со христијанството и со писмото, а другите Словени – по нас и набрзина, така пак сега, во времето кога сите православни Словени постепено си изработија свои литературни јазици, свои богати литератури и постепено изработени правописи, ние остануваме поназад од сите, тукуречи без литературни традиции – не затоа што ги немаме, а зашто го забораваме своето изучувајќи го туѓото.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На сите работи, што ги започнуваше, не можеше а да не им се даде сиот така што да не остави ниедно делче од себе си вон, беше создаден таков.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Уља ги брка кокошките што ги запати есеноска.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Сега за кој човек сакате, вели за кој човек сакате да знаете уште колку време ќе живее. Конецов се ќе ни каже, вели, огнот се ќе ни каже. - И ние кажуваме имиња од луѓе што ги мразиме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пустите празници што ги пречекувавме со поглед, испилен од сапуницата в очи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- А маштеницата, вели поп Танаско и си ги собира подароците што ги донесовме за здравје.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И јас сечам од шумките што ги досегам. Повеќе ги џвакам, отколку што ги сечам, ама толку е силата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И застануваат пред мене ме гледаат кај што ги чачкам спиците, кај што ги џвакам со секирата, Ги мачам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И тие бегаат колку што ги носат нозете. И уште побрзо. И пред своите нозе бегаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А неколку прегради понатаму, една мека, безопасна, заспана креатура по име Емплфорт, со мошне влакнести уши и со изненадувачки талент да си игра со рими и со стихови, произведуваше искривени верзии - или дефинитивни текстови, како што ги нарекуваа - песните кои беа идеолошки опасни, но кои од една или од друга причина, требаше да бидат задржани во антологиите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој го направи - и ќе го направеше сеедно, дури и никогаш да не го беше ставил перото врз хартијата - основниот престап што ги содржеше сите други во себе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од тие зборови што ги слушал Силјан штркот, голема жал му идела, што дури сакал да се сам убие или во бунарот да се удави; арно ама душа е мила, пак се попишманил.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
И за вистина, Силјане, клетвата од старецот, што ги колна прадедови ни, ни се исполни и до неколку години сите деца од лошата сипаница изумреа и останале сите како црни кукавици без челад; да му е милост на Бога, зер нејќел да нѐ сотре сите, ами и дошол на старата од стариот на сон за да им каже на дедови ни да појдат кај изворите и во едниот извор да се искапат, та ќе се сторат штркови, и да прелетаат бело море и црно, та да појдат во вашата земја и тамо челад да родат и да ги изгледаат, та пак овде да си дојдат и да се искапат во другиот извор, та да се сторат пак луѓе.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Тргнал една бразда, две, Божин во нивата и Силјан застанал на долниот крај кај нивата да им се пули на браздите што ги ора татко му.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ним им беше заробен изворот Бистар Кладенец, нивното најмило место во планината, каде што ги поминуваа сите свои денови.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тогаш од селаните можете да ги чуете најубавите раскази и повести за тешкото и незаборавно минато, за сѐ што ги зближува.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ги извади парите од крпата каде што ги имаше завиткано и му ги даде на Лумана, а тој бркна во шамијата, извади неколку лири и му ги подаде на деда Бошка: - На, за маката.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Таквите државички, кога забележуваат некого од оние што ги изработуваат географските мапи, подзаплашени од нивното присуство, веднаш си ги покриваат главичките со снег како со шапка од бела печурка.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Така ти е речено од наречниците, си заборавил. – Одговорија елените што ги влечеа санките.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Всушност, тој е тој што ги знае сите јазици на сите животни и неживотни со кои мора да општи.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
И секој од нив на свој начин му ги објаснуваше кривовштините што ги прави државата (некои тоа го нарекуваа ненародниот систем) и му објаснуваа зошто народот е сиромашен, ненајаден и лошо облечен и дека сите треба да бидат еднакви, сите да имаат работа и плата, а не така како што е сега - ти работи, а некој друг да се богати и богато да живее.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И наеднаш му текна нешто: тој изрипа од колибата надвор, а кога се врати во рацете држеше голема главица зелка, од која што ги кинеше горните лисја и ги фрлаше надвор.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Кога им се доближи, тие го препознаа старецот што ги донесе со кола оној ден.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)