што (сврз.) - ѝ (зам.)

Сите напори ги совладуваше со леснотија од едно чувство на исполнетост од големиот подвиг што го направија заедно со Танаско и неговата Пена - што ги вратија моштите на дедо Костадина во Македонија и што ѝ ја олеснаа смртта на старичката.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Како што ѝ се станува на трудна жена.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И како што ѝ гасне животот, така ѝ се шири песната.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)