што (сврз.) - никогаш (прил.)

И тогаш, ете, се случи и тоа што никогаш не се случило порано и во кое до денес никој не поверувал дека се случило: Ескимките одеднаш добија тен како чоколада.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Димко отиде на занает кај коларот од соседната улица, Аким пак се врати кај својот мајстор во слаткарската работилница, Баждар преседе некое време зад катинар потоа се изгуби од улицата кон онаа страна на Вардар и му стана помошник на еден рибар, за некое време остана кај него на работа да ги печали тврдите залаци на црниот леб, онака како што никогаш не ги печалел.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)