штом (сврз.) - бил (гл.)

И штом било така, требало по секоја цена да се исползува случајот што процесот ќе се разгледува од граѓански суд, на кој ќе биде присутна публика, новинари, како и некој од драгоманите или секретарите на европските конзулати во Солун, за да се каже вистината за движењето.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Можеби преписот од букви бил сочинет, но штом бил пренесен од исток на запад, под светилна инаква од онаа во која е роден, буквите се преобразиле во бројки.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
КОТЕ: Е, проштевајте штом било така. Сум грешил.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Штом било така, вели, ќе ви го дадеме без нивно знаење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)