штом (сврз.) - мој (прид.)

Се сеќавав на неговиот поглед секогаш кога ќе се разбудев ноќе штом мојата рака, барајќи во сонот нечија рака која ќе ја придржи, во јавето удираше во ѕидот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И може творецот на светов жив да ми те врати штом мојот ќе го чуе стон!
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Ти не си жив. Штом мојте очи сонот ќе ги склопи - во сонот ќе ми блеснеш ти сред тишината, во сиот сјај што целата ме опи, ко оние што блесна дни.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
И потоа ја гушнував перницата, помислувајќи на неговите зборови дека еден ден ќе бидеме заедно, па посакував да заспијам и да ги преспијам сите денови и ноќи кои треба да поминат до тој ветен ден, и тогаш да се разбудам. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)