а (чест.) - што (прил.)

- А што да не тера понадвор, вели Јоше Свирачот, кога мевот ни е залепен за плеќите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А што му пишува англискиот министер претседател на кентерберискиот архиепископ за политиката на големите сили во нашите работи: „Учеството на сите сили во разрешувањето на македонското прашање само може да го задржи, наместо да го забрза, неговото разрешување.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Прости ми, вели Уља, прости ми ти, за да ми прости и господ. - А што да ти простам, сестрице, прашувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мене нека ме отепа, си велам, не ми е многу дојдено до живеење, ама ќе го отепа и Мисајлета Ковачот. На права правина. А што ми е крив човекот?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А што знам: може да не беше Германец?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А што не направив да ја примиме во уметничката секција...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- А што ќе загубам, ако ме отепаш, велам, тебе ќе те загубам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)