ајде (чест.) - земе (гл.)

Но, штета, во приколката кај нив нема место за мене и ако ми успее комбинацијата со Снеже и со Мацка, да земеме друга приколка во исто време, ќе истераме супер летување.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
ДЕВЕРОТ: Тогаш ајде земи едно винце од мене за радоста од внука ти.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Играме по цел ден карти со нив двајцата и немаа совети од типот: „ајде земи книга, читај”, или – „не туку се дебилосувај, фати се за некоја работа”.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)