ајде (чест.) - доста (прил.)

Се прават прво закачки и потфрлања, некои дури и за сметка на самиот водник, некои доста успели, така што и Грнецот се потсмева; после се преминува кон дела, кон клавање сопка или слично, та водникот, што инаку великодушно мине преку шегите на своја сметка, мора да се сврти и да се кара: „Ајде доста!
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
„Ќе ги земаме тркалата“ реков, „ајде доста смеење, треба да се работи!“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Знам дека понекогаш ги развлекувам приказните и тогаш тој ми вели ­- е, е, е, ајде доста зборуваш, каде беше, што сакаше да ми кажеш?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Раскажувајќи се разврескав како бебе. На Влатко му стана смешно, фати да се смее, ме засмеа и мене, па двајцата се смеевме - до пукнување.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Гледаш, бебешка количка: моја, братче, мене ме возеле во неа и сум врескал - раскажува мама - не сум сакал да лежам...“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Сè уште ми е смешно тоа што си го помислив, иако не ми е смешно што вакви работи можат да ѝ се случуваат на една сосема возрасна жена.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
– Туку, ајде доста – се обрна кон забитот и беговите – терајте ги во апсаната и само по еднаш леб и вода на ден – и се врати назад во својата канцеларија со Јунуса, Рифата и буљукбашијата да ги распраша понатака како ги совлада, како толку бргу, кој им помогна и друго.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)