ајде (чест.) - некако (прил.)

Ајде некако да му помогнеме, да го запознаеме подобро со неа, оти Мартин е срамежлив, да не речам – смотан.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Види некако со Бреза, испитај ја работата, ми рече. И еве, сега јас те испитувам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Го мислев тоа за детска игра па ајде некако се осмелив да прифатам, а нема да одречам дека љубопитноста ме гризеше и бараше од мене да ја испитам ситуацијата.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)