барем (чест.) - тројца (бр.)

За час опсадата зеде големи размери.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Зоки, пронајди барем тројца вакви, ќе можеш?
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Да оплескаме барем тројца аги, да не бидеме на зијан — му одговори Шаќир и почна да стрела. Се заврза сражение.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По кратка, нејасна конверзација, па по долго убедување, откако колената ми ги испеглаа барем тројца чешајќи си ги мустаќите во исто време, убедувајќи ме дека сум Украинка или Романка.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Нова матура, сите остарени, а јас непроменета Кога во класот во кој си учел 4 години барем тројца ти биле симпатија, па си проплакал ноќи и ноќи зашто не те есапел, кога барем со еден си бил во долга и „озбилна веза“, која траела час, час и пол, а се завршила катастрофално (значи со раскинување), тогаш од животно значење е како ќе се појавиш на мини-матура од 30 и... години.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)