барем (чест.) - тој (зам.)

Пред нивни очи еден Велигден на сретсело во Новаци бегот беше го спружил еден од своите чифчии и двајца од сејмените со ќаата му броеја по дваесет и пет по голо месо што им проговорил на чифчиите да не одат барем тој ден на пченка садење.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Одеа кај Танаил и му велеа барем тој да го одложи погребот за понеделник додека се направи свадбата, но тој велеше: „Не ја оставам јас мајка ми да се смрдува...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Можеби барем тие неколку секунди си ја задоволи желбата за доминација, барем тој си мислеше така.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ако јас сум казнета од судбината да немам свои деца, си мислела таа жена, барем тој нека има свои.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)