барем (чест.) - јас (зам.)

Како екстремно спротивно мислење ќе ја дадеме изјавата на Edward Fitzgerald кој пишувајќи за Персијската поезија 1851. година, вели: „Вистинско задоволство ми е да си земам толкава слобода кај Персијците, кои (барем јас така мислам) не се доволно Поети за да заплашат некого со толкав екскурс, и чии дела навистина бараат малку Уметност да се обликуваат“.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Со личен пример, со многу топлина, зборување, внимание направија од мене, барем јас така си мислев позитивна личност во секој поглед.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
„Хм“, пристори брезничанецот. „Барем јас секогаш сум таму, ама не знам...“, додаде и пак потона во своето молчење.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Барем јас ништо повеќе не можам да ти кажам... Иако сешто се зборува.“ ***
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Но токму тој мој ќеф, барем јас така мислам, го забрза она што можеби и без тоа ќе се случеше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Инаку, веднаш да објаснам: разговориве што досега ги водам пред вас забележувајќи ги на хартијава, за првпат ги водев со себеси вечерта додека брзав за да втасам на време на онаа втора визита кај Роман Гигов Грофот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но - и покрај тоа - ние очиве ги држиме заковани за клупите. Барем јас и Васе.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Можеш ли да почуствуваш морници претворени во оргазам, ако барем јас така го чуствувам тоа? But I already said that we were identical.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Можело да се случи, ако пукне вистината, да му ја затрупа иднината на тој ваш Големец, иако, барем јас така мислам, всуштност и не бил виновен тој туку законите и правилата на однесувањето што ги измисливте за да ве прикажуваат како светли предводници во еден поубав живот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не може секој да се приспособи на правилата и наредбите, па и тогаш кога ќе се донесат со добра намера.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А да не го спомнувам она, дека не може да се изгради добар закон ако во него не се почитуваат природните закони.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Мене немаше кој да ми каже, барем јас имам кому да кажам: и кога се роди Горица, јас папокот ѝ го пресеков со срп, оти беше женско. На машките им се сече со секира.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)