би (чест.) - рече (гл.)

Вреди, би рекол цинично Калигула, сѐ дури постои барем уште една глава за да се стави под ножот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Јас, тежок збор, што би рекол еден Андриќ, збор кој пред очите на оние пред кои е кажан, го определува нашето место, кобно и непроменливо, често далеку пред или зад она што ние го знаеме за себе, надвор од нашата волја и зад нашите сили.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но јас ќе згрешев ако Владета го примев како „надри“, бидејќи од сето што го кажуваше и што особено можев да го заклучам подоцна, тој навистина се трудеше да прави споредби и да користи, што би рекле историчарите, повеќе извори.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Значи, секој продолжува да верува во своите светци, нели? - Па, повеќе би рекле дека тоа се мислења, ставови...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Е, како таков пар (совршен би рекле), еве, тие двајцата се веќе 30 години во брак и имаат две, недораснати, возрасни деца.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Не се сеќавам што би рекла мајка ми во ракописот што ни го остави за да ни каже колку малку им се посветуваме на оние кои не сакаат, колку време мина од разговорот со неа, еден или два часа, кога ми се јавија од клиниката да ми кажат дека и е лошо и дека не знаат дали ќе и издржи срцето!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Зошто го велам тоа? Да ѕирнеме низ меѓичката (!?), уважувајќи го ефектот на ретроспективна дисторзија: „ти си ми како дел од телото, како раката”, зборуваше таа исчезната хероина во набабрените - можеби би згрешиле ако кажеме: облаци; мевови („вреќи на зборови”, како што би рекле одредени африкански врачеви*) под таа оцртана површина.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Кој ќе се јунак изнајде - би рекла нашата народна песна, а Ренџов - ЗАПИШУВА.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
„Е, синко, синко“, рече тато, „баба ти да е тука сега би рекла - Лага река не гази. И голема мудрост би рекла.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Верувате дека на луѓето лошо им се пишува? Кога сите луѓе би одбиле да одат во војна, тоа е мошне просто, би рекле: „Јас не одам.“
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Испитувајќи го начинот на којшто филозофијата се занимава со етиката, политиката, поимот на одговорност, не би рекол дека деконструкцијата се управува кон некое повисоко разбирање на одговорноста, поради причините на сопствената претпазливост, бидејќи исто така научивме да бидеме претпазливи во однос на вредностите какви што се височината и длабочината (altituda altusa), туку се движи поради потребата за којашто верувам дека многу помалку е подложна на одговори и одговорности.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
1. Оној кој ќе блеска во науката за писмото ќе блеска како Сонцето.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Па овој трубачов... ја види го ти него. Кој би рекол...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Од небото. - Повеќе би рекла од пеколот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Приказни како таа почнуваат и потоа се пренесуваат од генерација на генерација, сѐ додека некој не ја одвои вистината од лагата, додека не се исчисти плевелот од пченицата, како што би рекол ти.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но, има ли навистина нешто смешно во малтретирањето деца? Не би рекол.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Се вратив назад и отворив трета врата која ме изведе во некоја чудно осветлена, би рекол, морничава улица.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кучката спокојно, би рекол, елегантно, обиколи околу моите нозе и излезе низ вратата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Што би рекол Гане Тодоровски, беа малку ама беа токму.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Нашиот народ би рекол - ете ти го Сталин - ете ти ја бељата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Кога онака грубо, по свое, директно во лице ќе ми ја плеснеше оценката за усилбата да запеам, солзи ми навираа во очите, што би рекол Конески, „во градите жал лута ме стискаше, ми идеше да плачам ко дете“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Но, театрите, останувајќи на позицијата на уметнички израз со тешко преводлив говор, само го мултиплицираат бројот на оние кој дома ни се прават, што би рекле Србите, „Енглези“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Марино е само еден од можните примери, избран само поради потполноста на тој амурозен кабинет на чудесија.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Литературата од времето на Шекспир е преполна со такви, би рекле халуцинаторни теми, врзани за сексуалноста.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Што би рекол Џорџе Марјановиќ, „Никад није касно“!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Па, дури јас влечев од натисканите торбулиња што кога ќе го отвориш патентот се расцветуваат како свежа зелка, а некој би рекол „пуни ко шибица“, тој се нудеше да ми помогне, и онака, сега знам, не „ради реда“ ме потпрашуваше: „Од каде ти е ова робава“, па „од каде ја носиш“, па „како ја пренесуваш“, па „како ја озаконуваш?“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Среќа, ба му ја. „Некогаш не те сака и господ“ , би рекол Лазор Ночески, „или намерно те остава за да се мачиш“ .
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кон земјата што ти се одронила под кожата, под ноктите. ״И смртта наша, на нашиот роден крај се потпира“ - би рекол Лазор Ночески, а ние на смртта секој ден ѝ се доближуваме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Бевте во право. Онаа ваша напивка дејствува.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И потоа посебен вид тишина. Некоја солена тишина, би рекол.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не би рекол дека сето тоа беше само по инерција.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Вака според мене изгледа рајот Јас сум голем мечтател и сонувач Будно сетам се ближиме кон крајот – но не мисли – остани додворувач Пред вечноста наша да стане пекол не стивнувај, беснеј, дивеј по веков Мојот Хемингвеј одлучно би рекол Бијте камбани в громогласен екот!
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
— Ами снага? — Исправена како пушка, гради истурени напред, стегната половина, долги нозе, обли раце, чисти нокти, измиена, исчистана, како за пред човека, што би рекле мариовци.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но што би рекол братучедот Дешо: секоја мрчка си има прчка, па така и секој анимозитет си има свој исклучок - а тој исклучок во мојов случај е мјузиклот.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
- Дозволете да забележам, ваша светост, кај суптилните природи постои исклучителна нишка, дури женска би рекол. Секако под наводници.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Или како што би рекол мојот вујко, писателот од мртовечката постела: „Стануваш бегалец, малечок; се престоруваш тркач по маргините“.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Втората реакција се бесот и презирот кон стварноста и повлекување во некој свој внатрешен (виртуелен) егзил, исклучив и самодоволен, но би рекол, не баш толку среќен. – Стигнавме – ме прекина во невеселите размисли пријателот – новинар.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
А-га-та. Агата – свечената белина на паузата го исчекува следното прашање: Колку деца имал Самоил? 8,30 – 9,15: Мики е сè уште во вода до колена, со цигарчето што чади, а не се смалува.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Некои од нас сонуваат необични животни со гриви возвратени околу вратот со набрекнати и за кас спремни бедра како млади гиздави девојчиња со копита за долги копкања суштества што ’ржат и се пенат од милост што се топат суштества на јаве невидени невјавнати, на лов неоднесени би рекол и незауздани, неоседлани неразждребени а не знам од каде ми навираат зборовиве непознати како животните и бистрооки.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
24 Маглата се поткрева над котлините визијата станува стварност стравот се обвистинува: се наѕира клисура, амбис сур живописна урна серт рис се задава од сртовите како сираче, но отмен и дрско убав, би рекла смртно личен само ревот негов ни бие право в лице насекаде околу-наоколу мене и тебе, синко мој бие бијно, очебијно а сепак кревко небаре може да се сотре да се изгуби место нас со еден замав на главата со едно затнување на устата со еден потег на четката со мал премаз боја со нов слој малтер со обично будење од длабок сон ама будење нема, веќе нема назад и тебе те нема Младост моја само необичен сон, збор и допир само задоцнета потрага по изгубеното може да те оживее како свет - но литературен како сенка на сенката „што било, пак ќе биде“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Сѐ завршуваше совреме што од страв дека ќе се оствари идејата за големата и едина љубов што по сила на обврските и жените вешти во обезличувањето на иднината или со благословот на неповторливото - како што би рекол еден од нејзините пријатели односно, оние кои се повеќе од тоа.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Така би рекол дека ќе дојде за половина час, значи не рече дека ќе дојде за 30 минути. Можеби рекол 25.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Мајка би рекла: ,Ме зазборувавте и ме оставивте без работа!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Писание, би рекла мајка. Што може да ти се запише на главата, не може на книга.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И така... ,Век човечки, би рекла мајка, кај нѐ врагот замери". 35.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Господ да ни е на помош, би рекол, зашто и нашиот господ е шпион...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Впрочем, кој би рекол дека куклите и сите други играчки имаат каков било страв!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Кој би рекол дека ова ти е лице на некој Дедо Мраз!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Таквите негативни желби, би рекол, им носат несреќи на луѓето, ни го затемнуваат животот.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Би рекол дека тие се најчисти, најубави желби, како што е чисто и детството.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Би рекол - детските желби се безгранични.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Што му го знаеш? Каурот сега и на грбот треба да става очила, би рекол, да беше жив Благоја, Бајко.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Бити даваси! Тука шега јок! како што би рекол нашиот валија.”
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Би рекла, почетничка среќа.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Но еден ден се случи нешто навистина необично. Чудно, би рекол.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Хормоните ми се вознемируваат, што би рекол тој, кога ќе забележам дека такво нешто сторил кога сум бил отсутна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Иако не сум баш сигурна што се тоа хормони, приближно знам дека се поврзани со овој глупав пубертет со кој на глава ми се имаат качено од кој мир веќе си немам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)