да (чест.) - дојде (гл.)

Марксизмот беше само еден од филозофските мисловни текови со кој се послужи Ленин за да ја преземе власта од царистичка Русија и ја наложи советско-комунистичката, за да дојде потоа Сталин со уште пожестоката и помилитантна идеологија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сите да сакаат пак да дојдете. А за прање, ако треба и ајван товарен да донесете.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Дигни глава, Румке мори, опули се!... Секој пат да дојдам, сѐ болна, те најдувам, јагне мори, болна на постела...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Не! Не дека ќе пукнам!... Не се пукнува!... Ех!... Како да пукнам! Да нема ни гледање, ни разделба!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
И попот ова го чекаше: да дојде до куќа и така азар сермиичка, та му благодари на Лесната и Младена што ќе му помогнат да се извлечка од калта и да ги прифати и децата и стоката, Речено — сторено.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Постојано бладаше, зборуваше со мртвите: - Да дојдам? Добро, ќе дојдам... А, не, не идам...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Едно утро, тој ги повикал и му рекол на поголемиот син да се скрие в долап, а помалиот го испратил да им каже на снаите да дојдат да го видат.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Благодарение на една нејзина пријателка успеа сосема легално да дојде до избирачкиот список и новата адреса на Саво и Снежана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)