да (чест.) - живее (гл.)

- Да живее Македонија, викнува Григор, да живее слободна Македонија!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се разбира дека тој покажа интерес за случувањата во Сан Диего, но тоа само го увери дека доживувањата на младите љубовници со ништо посебно не излегува надвор од дури и предвидливиот шаблон така што му беше доволен фактот Едо и Су продолжија заеднички да живеат како што почна во собичката на механичарската работилница на Али во Сан Диего, но сега во станот на Су во улицата „Кинг“, во центарот на Торонто.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Проклет да и е коренот!... И големо и малечко нишан носи од неа за цел век!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
А другарите мои, и тие како мене, кој со една нога, кој со една рака, ама женети, постојано ме советуваа и ми велеа: - А бре, шутрак низаеден, прибери се еден ден и ожени се за да живееш како човек, а не така...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Да живее сталинизмот, непресушен извор на комунизмот!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И не година, не две. Години, години да изврват; скотски да живееш, пари да збереш, додека да имаш лице дома да си дојдеш!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Викни: да живее султанската милост!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Му скокаат на Џ., едно му се обесува околу вратот, го кутнуваат, го маваат, го шутираат: - Долу тиранијата! Да живее слободата!
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)