да (чест.) - направи (гл.)

Не дека нив ги немало и порано, но не гинеле на ваков начин, под оружје и во униформи, во планински заседи и поради глупоста на шутраци како оној нивниот министер, кој сака од себе да направи прв воен херој на независна Македонија.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Што и да направеше, како и да се држеше, не чинеше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Потиснувајќи го својот глад за храна со жита и овошје и гаснејќи ја жедта со вода, човекот не бил задоволен и открил начини за ферментирање и дестилирање на житата и овошјето за да направи алкохолни пијалаци.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Со здравје, со здравје! Дојди утре кај мене да направиме сметка што му чини лихвата до есен.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Можеш ли да направиш чардак, да викнеш чалгаџии и да се опијаниш само од миризбата на цветовите? Секој цвет си има своја миризба.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)