да (чест.) - пие (гл.)

Како што велеа мажите што биле таму, даскалот онака горделив, излегол надвор и почнал да му се дере на стопанот: - Како, бре керата, незнамитис ниеден, ти му дозволуваш на син ти да го зборува тој гнасен и варварски словенски јазик?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Штом некој од жедност посакаше вода да пие - служеа децата страдни.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Поцрнат од бој и за срамотилаци вопнат. Му дале рицинус да пие.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Стварно не ми е јасно зашто ги продаваат нивите у село и даваат по 100 000 еура за трособен стан у строг центар да се потат на 75 степена и да пијат кафе за 100 денара.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
„А сега види, пријателе мој. Од Советот за алкохол имам овластување да не му давам на муштеријата да пие ако сметам дека испил многу.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ристо мој и уште некои други рекоа: - Ако оваа држава е држава на сите и ако сите се рамни, тогаш нека ги казни арамиите и сите што пљачкосуваат.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Си отиде во Америка. Ме остави со синот Ристо.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)