да (чест.) - сака (гл.)

Додека „трчавме“ низ Версај, подолго останавме во оној салон каде што е потпишан Версајскиот мир и каде што на парче зелена масае скроена судбината на македонскот народ, каде што версајските „миротворци“ Македонија ја парчоса на три дела и им ја дадоа на три балкански држави како да сакаа само со потписи да го збришат постоењето на еден цел народ.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Дајреџијата му се внесе во лицето, целиот насмевнат и блажен, како да сакаше да му каже: „Ништо ти, комшија, не бери гајле, јас сум тука, јас ќе те одведам дома...“
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сите да сакаат пак да дојдете. А за прање, ако треба и ајван товарен да донесете.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
За породувањето Ако гледаш на филм како се раѓа дете, нема да посакаш ни да се „онадиш“ со некого, па да заносиш, а не па да сакаш да раѓаш... не дај Боже!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Додека ги стискал забите како да сакал да ја задржи во себе силата на животот ( не земај ми ја душава, можеби можел да шепоти своја молитва, додека не ти принесам курбан), негде, не можејќи да определи каде, умирал ранет војник и пеел на турски за мајка и за дом по кој се копнее.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Уште повеќе што седеше стуткана таму назад, на таа последна клупа. Како да сакаше да остане незабележана.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Во сите овие три земји, колку и да сакаат да свират на пијано во Европа, остануваат прврзани на планинските кавали.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Надвор здодевно ромори дождец, теренот станува лизгав, постои и реална опасност да се излеат септичките јами, постојат и други опасности, колку да сакаш.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
А и да сакаш да гледаш во таков ден ништо јасно не се гледа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Да сакаше некој да краде, ќе нѐ оставеше голи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)