да (чест.) - чува (гл.)

Тоа не ѝ го реков од некоја злоба. Или од лицемерие. Да чува Господ. Дури ни во помислите! Само од добра намера.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Господ да чува! Туку што да чува? Кај мене ништо недочува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Господ да чува: помодрел во ноктите, во лицето. Рѓосал.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Абре, господ да чува, кога имаш улав човек.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ги гледам кошулчињата од децата, околу корилот сѐ е шарено. И везеното не се познава од болвосерки. Господ да чува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)