дали (чест.) - во (предл.)

Дали во македонските наречја поодделно преовладуваат македонизмите пред србизмите или бугаризмите или обратно?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Дали во друг вагон се качи, дали си го смена лицето, формата?...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дали не ја заборавил? Дали во овие години ја спомнувале пред него, па сега да му дозволат тој да ѝ се јави со писмо?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Дали во облеката што ја носиш, облечена е и душата твоја?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дали во тие мигови на малата дипломатска авантура не бев и јас обземен од амбицијата на власта, кога бев сведок на крајот на власта на сенилниот деспот и почетокот на новата власт.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Дали во некој период сте одржувале врски со монархофашистите?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од каде да почнат со толкувањето. Дали во почетокот беше Зборот или почетокот е крајот, а крајот е почетокот?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Дали во него се пренесуваше неговиот неостварен сон да излезе од маѓепсаниот круг на балканскиот егзил или имаше нешто друго, величествено во неговиот страдален живот, преполно со заминувања, со неизвесности.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)