ене (чест.) - ги (зам.)

Жими живиот Бог, ги гледа; тука, во сокаците на сиромашките маала, ене ги гледаат како на амалски колички некои нови луѓе ја довлекуваат скромната покуќнина и под присмотра на полицијата се населува во нивните испразенити домови, ги забележува во покриените чаршии на застанати како по навика покрај своите празни тезги во кои продаваа и тргуваа, во замолкнатите синагоги, на Плоштадот на слободата на кој, му раскажуваа сведоци, во 1908та на десет јазици солунските мултинационални сојузници на младотурците ги прогласија заедничките идеали за слобода и еднаквост според светлите европски примери, а 34 години подоцна, солунските Сефарди го доживеаа своето прво понижувачко ропство, од некои нови и отровни изданоци потекнати од искривоколчениот дух на таа иста Европа.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На Плоштадот на слободата, во покорениот град, на потклекнатиот Балкан, во згазениот континент.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
ЛЕНКА: И уќуматот го нападнаа! Се борат..! Турците бегаат! Ене ги по сокакот!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Тие два цртежа ги сметна тој од ѕидот, утрото пред самото отворање на изложбата, ене ги стојат уште на бирото во изложбената канцеларија.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
— Дома, е дома, чичко. Ене ги, дома се сете, се готвиме за вечера дури се зари, оти како слабо видело имаме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И ене ги двоножните кртици, што ја ријат земјата по цената на своите животи; излегоа од своите дупки и се назагнаа на долчето да се расонат што побргу, и да влезат да ѝ ја буричкаат утробата на земјата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И мравките, ене ги го изнесле својот одвишок од храна да го потсушат на благото сонце да не им се расипе од зимошната влага, а мрзливиот штурчо дебне отстрана да може да крадне некое и друго зрнце, оти прегладнел за овие три четири месеци лежење под снегот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Грачи, клетиот, грачи, по проштевањето и за вас што ќе рече: ене ги, она бело цвеќе по камењарот Со златна наметка залез покриено...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Затоа сите пет деца на Томета изучија факултети и ене ги доктори, инженери, адвокати и што ли не, без денар да потроши Томе. Сѐ на сметка на државата.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Тој рече не гледајќи: - Ајде, дедо, оди. Ене ги начелниците. Ај со здравје.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Чамецот веќе им го закачија со чакли и го влечеа кон пристаништето.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
- Ене ја, вели Капинка, ене го гумното, ене ги скалите, вели, ене ја вратата, капавиците, оџакот, ене, сета се гледа, ми вели девојчето и покажува низ ветките од дрвјата, меѓу буките.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ене ги рече Дуко Вендија, без да ја извади цигарата од уста.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дождалци, Salamandra maculosa! Ене ги, се влечат мешечки околу куќава и чекаат да паднам неподвижен и со пена на уста.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ја беше навалила главата на завесите, а во ноздрите го чувствуваше мирисот од правлив крепон. Беше уморна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Нејзините деца... нејзините деца... нејзините деца се таму... ене ги... крај масата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А таму, ене ги, Queens - Србија и Bronx - Хрватска. Bronx очајнички ја бара својата независност, тврди дека е независен од New York и дека секогаш бил. Queens не дозволува, се чини дека сака контрола врз целиот New York.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Одеднаш Тодор викна: „Еј, ене ги сестрите мои! Томе! Тина! Томе!“ и мафташе со раката.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Дождалци, Salamandra maculosa! Ене ги, се влечат мешечки околу куќава и чекаат да паднам неподвижен и со пена на уста.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
А ене ги Езерцата - Пелистерски очи - му рече.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
А на сретсело, веќе, уште неогреано сонцето, излегле ергенчињата и машките деца и, ене ги, пред Влашкиот Ан и пред Батанџиовата порта во групи чекаат, кршат јајца.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бидејќи сите овие подготовки беа направени кај свадбарите навреме, затоа ги видовме на сретсело да одат по невестите и, ене ги, веќе стигнаа пред портата на Рожденката.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И ене ги, нашите свадбари веќе растовараат кај Перета Селчанецот на ан.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А другите ене ги исповрзани како мечки каде дремат на сонцето во дворот. – Аферим, аферим, бре синковци, ашколсум, по сто-пати аферим кога ја свршивте и таа работа – не можеше стариот кадија да ги нафали победниците и да се нарадува на нивниот успех.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тука се, дедо Костадине, ене ги долу во меѓата, Риса го варди од забите на Трондафила!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ене ги онде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Еве ги, ене ги, ги нема.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Држи ме да не паднам, вели Оливера Поточка, ене ги Лазор и Ристо, сега држи ме ти мене, вели и се надава да вика по нив.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А-а-а гледај - ене ги, ене ги камионите!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Каде е тоа просо? Го исколваа врапците. Каде се врапците? Ене ги в капина.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ене ги и денес среќни, трепетливи, занесени во своето шумоливо шепотење.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)