ене (чест.) - го (зам.)

Дики (Ја наведнува главата): Ќути, ене го доаѓа.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Мора да е возбудливо во негово друштво.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Меѓувремено, ене го Сатирот, качен на коњ, облечен како каубоец, со своите криви нозе стегнати околу натагарениот стомак на коњот, во траперки и со сомбреро на главата, распеан, мавта со ласото над својата глава и тера пред себе преку ридови и долини една бескрајна сурија луѓе.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
ЛЕНКА: (Од балконот) Ене го Маноил… Стрела!… Уби Турчин… Уште еден…
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
- За тој расипник! Ене го спие по кафињата, пијаница. Шуто, шуто, јас те куртулив од него!
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Овчарот зави како волк, а детето ги поведе луѓето кон елакот каде што седеа Борисовци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ама ни офна, ни писна, песот еден. Ене го не! Рие ничкум како свиња во тиња.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Денеска троа утре троа — го поткопала реката и ене го, каменот се одвалкал. Така и ние.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Море, кој знае, баси го, да ли ќе го препрчиме; како ногу корен ватил! — се јави пак некој скептик.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ние овде малку, други на друго, трето место, и ене го — агата се напрчил!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се разнесе смев сред купот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ете, те, и тој си и гласи работите како нему шо му чини, а не како нам. Не гледаш оти и он тргнал со батакчиите и ене го, не, токо врла надвор пласти снег без да гледа оти сиромасите мрзнеат — ја тешеше Толе Митра и ја галеше по русата коса.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И ене го, иде да се ставе со вас, да виде кој сте и кај одите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И ене го сета, како Велика предано што го служи чорбаџи Сивета и неговите „одбор" гости, така и тој го врти јагнето на раженот во градината, на оган од лозови прачки, наполнето со ориз и суво грозје.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ене го долу, меѓу два брега, во тишината меѓу два збора, топло семе на својот јазик, потпрен на својата сенка чека ништо и - никого
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Напредуваа во науката и во работата, добија и покомфорен стан, плус си стокмија хатичка во нејзиното родно место - ене го кај е, половина час со автобус: таму сега тој пишува на компјутер а таа прави куклички со насмевки во погледите.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
- Не, ама скини од атласон, ене го на горниот рафт, под „Камасутра“.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
- Ене го Цепенко!... - Цепенко!... - Воскреснал со чалма на глава!... - се зачуја гласови од сите страни и оживеаја позициите на Мечкин Камен.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Ене го!... - покажуваа со радост востаниците на него.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
На, ене го, како амал носи вреќи - недојаден, недоспан, к'ти за да донесе некој грош дома.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не само за сина му Јанета, туку и за учителите, за големците и ене го сега сина му Јане големец.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
На оганот мајката котелот, ене го клава: вода да стопли за толку саканите капнати јуначки нозе и глава ...
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
О, ене го Тито. Сигурно не слушнал како зборуваме.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- А татко ти? се интересиравме. - Ене го, лежи пијан на широчината и пее како Скопје негово да е.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сега конзервативците имаа доказ и потврда за последнава од своите пронигби – тлоцртот за хомосексуалната превласт над светот, самиот план на походот – ене го таму, на прост англиски. ‌Добро, барем насловот беше на прост англиски. ‌Описот на предметот, всушност, воопшто не кажуваше ништо за никакво преобратување на студентите хетеросексуалци во хомосексуалноста.2
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Се сетив дека некогаш одамна Клара рече дека сите нормални луѓе се нормални на ист начин, а секој луд човек е луд на свој начин.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„А ене го Хелмут,“ и покажа кон старецот кој лежеше неподвижно.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Нано, ене го пак оној дедо!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
ЛУКОВ: Одлично. Ене го и пајтонот. (Се слуша пристигнувањето на пајтонот и неговото запирање пред куќата.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Итар Петре ош како дете ошол од Градешница, од Маријово - од таму бил роден, слугинче кај Насрадин-оџа да биди.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Сиктер од тука, нема пари! Ех, рекол, јас затова ве виках не вечера, не е, рекол, теле това - еж е ќо се вари горе.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Шоана али навистина е ова, али на соне; види сега и децата да ме познаваат и на име да ме викаат, чудно ова работа ќе бидит; ај да видиме Госпот што ќе кажит“ - си велел сам со себе и влегол у чоекот дома.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Едно влегло во дворот и го догледале синои му на чоекот Силјана, дале радосен вик децата: - И, и, и, ене го Силјан од Коњари; ене го Силјан од Коњари, кај ни иди на гости!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Сега да стани, после да стани, еве го, ене го, пладнина беше го нашла.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Ја, рекол, ене го на тополата.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И, додека како Индијанка викам и скокам како да привикувам дожд, снег и други „падавини“, ми приоѓа еден и ми вели: „Ако го бараш автомобилот, ене го удолу, еееееј кај школото“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Нашено, велам, ене го в пондила.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Прости ми, браче Мисајле, му велам после, откако ме пушти имелата, дали го извади забот, му велам. - Ене го, вели, и ми го покажува забот на подот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ондека, вели ене го, ме гледа, намигнува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Леба ми врапче подлетарче нѐ гледаше од црешнана, рече гробарот, тргнувајќи кон црешната, ене го, се скри меѓу лисјено, ене го колва мушички, рече, не запирајќи со одењето. ...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама човек си, пак за него се туфкаш. Цела ноќ си ја тепам главата: каде е, што е? Чекам, а срцето не ме држи. Еве го, ене го - го нема.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ене ја, вели Капинка, ене го гумното, ене ги скалите, вели, ене ја вратата, капавиците, оџакот, ене, сета се гледа, ми вели девојчето и покажува низ ветките од дрвјата, меѓу буките.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ене го, на соларникот, му велам, рацеве, до лакти. ми се со тесто.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Еве го, ене го, го нема.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ене го, вели Здравко, ме вика. Не те чекам повеќе, вели, или идај или врати се, ми вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тепачите го накитиле со модрици но не му ја истинале крвта - ене го, сука мустаќ.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ене го проклетникот. Тој сам ќе си ја стави главата на тепсија пред Калпаковата тајфа.“ „Тој не е сам. Погледни, оној со него е...“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Месо ќе има повеќе отколку што барате, се извлекол од сенката на темницата Богоја Гулабарин.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пред две години непознати братучеди на ред го мердале жилавецот за здодевање на туѓа жена или туѓа сестра.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И земјата можеше да испука од возбуда.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ене го и моено ајванче на коленици. Во ноздрите му врие крвава пена.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Излегувам надвор и гледам, ене го, SHRINK епицентарот!
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
„Пароброд!“ викаше тој. „Внимавај, газда! Ене го доаѓа! Легни брзо!“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
ТРОШЧЕЈКИН: (крај прозорецот) Љуба! побргу ваму - ене го.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И ене го најпосле и „Илиос“ на Трибор, како нункова погача, на лоза печена, поцрвенета на горната коринка. Не излегол ни еден остен, а веќе насекаде се осетува неговото пријатно присуство со светлиот поглед и пријатната пролетна топлина.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ене го не, Толето мое како 'рслан: во сете деца е најјако, а и твоето Толе, машала, израсна како видан, кај можат да се опулат во неа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ене го во камарата, во малиот олтар, — одговара Петре и си продолжија сите тројца со работата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сега пак, ене го каде ги брка јагнињата во дедо Маловото асло, ждребето по ливадите и децата на чаирот. Од дрвата направи цела променка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Море, ако е за тоа, ене го и Јошето мое, ако го гледаш нака слабо — како кремен е. Не може ни ерген да му се опре.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Абре, не ми се поплака, токо од ка се врати откај тебе чупето, не се држи. Море пее, море скока, море шетка, место не го ваќа, ене го, го грабна букарот и крши лејка, по вода отиде, ако беше п'н букарот пресна вода.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Па и бурмут го научија да трпа, та, ене го и тој дошол и седнал кај Петруша, којшто покрај бурмутот и цигарата и „чај“ му нарачал.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ене го не, коџа мома се издргнало, а она го остава тука меѓу виа машкуданци!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Та, ене го и даскалот Бино ја протепа жена му, што е даскал, та веќе оти секој втор селанец в село ја има тепано жена си барем по два три пати во животот, тоа си е редно.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Додека жетвата втаса мажите ги окосија ливадите, го прибраа сеното, излезе и едната мера млеко каде што Трајко измрда цела недела и, ене го, Петровден дојде!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ене го пусто да биде. Над лозјата во присојот. Тоа го викаме Бренското Чешмиче.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ами ене го човекон во црно, еее тамка кај главта на тренто! додека Родна ја надополнува сѐ уште туркајќи ги двете топли цицки во Чанината рака Требало на друг колисек... колосак... демек не можело овде!...
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Овде не го пуштија до огнот, ене го потаму во дворот, влегол во една дрвена барака... појдоа да му грабат штици!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ене го“, рече Марко. Му пријдоа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Од бучавата смогот сѐ повеќе се развласува, се протега и се раскостува, се шири, авторот забележува дека смогот почнува и да се крева, ене го веќе кренат над училиштето „Кочо Рацин“ и наскоро ќе ја зафати и неговата куќа што тој одовде не ја гледа, само по тамина знае каде е.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ете, - рече Проедросот покажувајќи преку оградата од дворот отаде реката кон нивчињата на падината, - ене го Методија во нивчето.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
„Иии, ене го Силјан од Коњари; ене го Силјан од Коњари кај ни иде на гости.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Те куртулив од кум измеќар. (Гледа и се возбудува.) А, ене го чорбаџијата.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Уф, срцево ми игра од радост! Ајде, Доцко, ајде, волку, стапицата ти е наместена, само да ја нагазиш!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
— Еј, Филип, велам, ене го Филип Хаџиевски.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оти имаше моменти кога ќе чуев: ,Ене го, спие со смртта своја".
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Еве го, ене го, кај да е ќе дојде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А ќе стаса ли и Дедо Мраз, со своите еленски стада да расфрла снегулки од торба и да ја види оваа олимпијада? Ене го, вјаса... Ќе стаса.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
А ене го и игралиштето во училишниот двор.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Каде е пушката? Ја зеде Јанкула. Каде е Јанкула? Ене го на кула.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Каде е тоа јајце? Ене го в камара.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Ене го Мишко, ѕирка од зад аголот. - Те викаат дома! - ѝ мавна Мишко со рака.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Еве го, ене го, Петре си ја лизна опашката, и куц-куц, ајак-ајак, заборави по што отиде, а само запамети каде оди.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Ене го на јарболот! - низ смев му одговорија морнарите.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)