ете (чест.) - има (гл.)

Кумовите Танаско и Пена, единствените сведоци на раѓањето на Пеличка, дошле да ѝ пожелат сѐ најубаво сега на почетокот на школувањето, да биде здрава, умна и убава, да стане голем човек оти ете има можност да учи на македонцко школо со македонцки лаф и со македонцко писмо.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Се позами, се позачешла — колку да му помине апешот во главата — и си ја зеде торбичката велејќи си сам за себе: — Требе порано да се оди, оти литургијата трае два саати (ако не ги прескокне половината молитви, што си имаше обичај), утреното еден, а после . . . ете има три четири кршчења, секое по черек саат, некој и друг парастас .. . денеска ќе се има баја работичка, — и пак си промрмори, навраќајќи долу Катината улица: — Нека даде господ, нека даде: кршчење, венчање, венчање, па и умирање!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ете имаше и такви добронамерни ...ама за деца да родиш мене ми помогна една друга тетка Куљан и еден чичко Бојан. Двајца гинеколози во Чаир.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)