ете (чест.) - нема (гл.)

Горан знаеше по седум пати да им се јавува на девојки кои не сакаат ни под разно да излезат со него, да ги застанува колегите во факултетските ходници и да ги гњави со тоа како за малку ќе го положел испититот ама ете немал среќа, и згора на сето тоа, професорот го мразел и да се фали со тоа дека оди на журки кои се посетувани од битни велеградски фаци.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Велам дека сега не било како времињата наназад, ете немало за да се прослави доаѓањето на Новата година.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)