ете (чест.) - така (прил.)

И гледаш сега! Арно било, а? Сполајти боже! Ете така.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ама и ти не си за карање, де! Ете така, и она — како мачка на сланина. Штом те виде почна да се оближуа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во ходникот ги дочека другиот измеќар, поправо измеќарка, младото Кате, шеснаесетгодишно девојче, ќерка на чифчијата — ковачот Стевана, кое Адем го беше прибрал кај себе, ете така, да му ја краси кулата, да ѝ прислужува на каданата и да внесува кафе ракија кога ќе му идеа гости од машки пол.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ден на забранет сообраќај Како Пепелашка во Париз, која двапати во еден ден беше на „дворот“ - ете така се чувствуваше оваа малава, што качена на штикли од најмногу сантиметри, сепак, е мала, со срце ’ко зрно од афион, опиено, токму како од него.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Неколку дена не излегувам ни на мал, ниту пак на голем одмор, туку ја читам Волшебното Самарче од Ванчо Николески. Ете така.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
ТОМЧЕ: Море, Спиро ти ми прикажуваш за Маркови кули а јас си мислам за мојата Стојанка...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Пиј па биј, пиј па биј. Ете така правеше Марко Крале.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ете така! А колку тој повеќе се дистанцираше од неа, или од себеси, којзнае, толку таа настојуваше да му пружи што повеќе докази за својата лојалност.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
22. ВЕСЕЛ СИ? - СЕ ЖЕНАМ; ТАЖЕН СИ? - СЕ ЖЕНИВ - ете така: по завршувањето на оваа анкета се формираат армиите на стражар и пленик - двата спротивни света на нашата планета...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Само што тогаш нас ќе не нема“. Ете така му реков.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А да немаше ништо, ќе си умреше мирно, спокојно, како јагне, зашто ќе немаше за што да пека, за што да жали. Ете така, снао...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)