ете (чест.) - и (сврз.)

И кога најпосле на Трна ѝ се разболе и последната надеж, Пецето, — тој побрза да ја исплаши дека свети Илија толку се разлутил на неа што не ја дава нивата за манастир, та ете и последното пиленце ќе и го прибере.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ете и желката стаса, Јас ќе сум принцеза од прва класа...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Знам, вие не сакавте да дигнете рака, ама ете и јас грешив малку, сега пишман го правам, ама тој беше.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Крпен живот, ама ете и со крпен си поминаме, поарно од со нов.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ете и самиот наш претседател никогаш не ги демантира новинарите кога му се обраќаат: „Вие сте, господине претседателе, доктор на науки, историчар, книжевник...“
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ете и тоа чудо бидна. Скопската шмизла да добие свое обележје.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Ете и него ќе ми го продаде Адем" — си помисли Јован во себе, и кога го кладе филџанот на дизгот му се опули право в очи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Mope, донесоа, сиромаси. Ете и печес шишиња, не едно.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)