ете (чест.) - и (чест.)

ЛЕНКА: О, боже, што прават! Детенце и жена заклаа Турците… ете и друго дете заклаа… Боже, боже… (Се крсти) Ужас!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
— Добро, Петре, добро, не е доцна. И јас, ете, рано дојду, оти па мене ле ми се спие. Ете и Куле не е дојден, ќе ве почекам овдеа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ете и трага, едвај забележлива, од ореол. Од занес.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Едно време останаа тука сосема скучени, како некој да ги беше прибрал под стреа од нивната заталканост, која само по некоја среќа можела ете и да има крај и чиниш се чувствуваа незгодно од тоа гостопримство.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го следеше со некоја обична насмевка за која и не размислуваше сѐ додека Томислав не дојде да ѝ рече дека тој и Божинов ја замолуваат да си ја тргне од лицето иронијата бидејќи на една културна домаќинка не ѝ личи таквото однесување. Ете и тоа се случи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)