зар (чест.) - е (гл.)

Па и да има работа, зар е докажано, како два и два се четири, оти се Македонците Бугари?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Зар е важно дал нѐ плиска залез или зора по образот блед.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Зар е можно ова што ми се случува во родната Албанија?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Па тоа им го налага на Македонците и човештината: зар е човечка сегашната состојба во која ја имаат доведено Македонија пропагандите?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
59. Зар е и возможно сега националното обединување на Македонците, кога во Македонија има многу, а не една националност, и кога нема една одделна македонска словенска нација?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Зар е пишано, си велам, постојано да бидат во наша близина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)