зар (чест.) - мора (гл.)

- Но зар мораш да одиш? Дедо Димо зина од изненадување. Како да му удри некој шлаканица.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А зар мора да знам?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Господе, зар мора човек, за да е сигурен дека живее, постојано да е фатен во костец со својата судбина?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ете, тоа е таа моја вечна несреќа: Ништо посебно не се случува а јас сепак работите ги доживувам како зголемени непријатни слики и тоа не само некогаш, туку постојано, и таквите глетки од утро до мрак ме потресуваат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)