зар (чест.) - и (чест.)

Зошто тоа да биде така? Зар и црквата не треба да биде: Едина, Соборна, Вселенска и Апостолска?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Зар и одовде имало врати за излегување?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Господе, зар и мртвите влегоа во војна!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Зар и таа е таква, ми иде да викам, ама да не згрешам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Не знам, велам, ама зар и овде ќе бидеме туѓинци?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ама митролесците молчат. Знаат кој се таму и што се прави таму. Зар и на другарите свои ќе пукаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тие ќе ми ги подбуцнат штиковите под гушата, а јас ќе истрпнам и ќе си речам: господе, ќе си речам, зар и мене ми се доброја, ќе си речам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Немој мори, Велико, немој сестрице, ми вели, што е тоа што работиш, вели, зар и ти треба да се отепаш, вели, нека ти се живи другите, вели, имаш и други деца за гледање, вели, зар сакаш сираци да ги оставиш, вели. И плаче. Се засркнува од солзите. 62
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Доста ни е од такви Дости, вели војводата, зар и разбојници да прибираме, вели, и наредува да го врзиме, да го мочаме. И ние сите му се изредивме. Како да гаснеме запалена вреќа со ќумур.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Хелен се насмеа. „Зар и вашите ја играат таа игра?“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)