зарем (чест.) - толку (прил.)

Брзо се прибра: можеби е покана за суд, за разводот. Зарем толку брзо?!
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Каде е тоа? - праша Трајко. - Абре, во Вардарско е, зарем толку не знаеш? - дофрли Аргир.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Зарем толку бргу! - се вмеша Светлана. - Ќе имаш ли време да се подготвиш?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Генералот се стресе, праша: - Долго ли спиев? - Само дваесетина минути... - Зарем толку долго?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Зарем толку беа заслепени да не ги видат последиците од уништувањето на козите?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сакам да ве прашам, зарем толку многу ве фасцинира тој медиј за да вложите сега веќе неколкугодишен труд за кој никој никогаш не ви дал ни пара - напротив, знам дека делумно сами ги финансирате филмските проекти -, а сѐ што ви дале, МТВ, А1, се изразито лоши продукциски услови?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)