зарем (чест.) - и (чест.)

- Јас? – се зачуди Зоки. – Па зарем и јас треба нешто да направам? - Треба, - рекоа сите.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Па и преподавањето сказанија, собитија и истории, зарем не е траење на мрежа совршена, во која секоја нишка, секој конец треба да дојде на своето место кога времето ќе стигне за тоа, кога јазлите ќе се заврзат, и зарем и тие, сказанијата, не се ненужни и непостојани вселени?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Зарем и тогаш, кога сите европски земји се здружени при бунтувањето, Македонија инертно изостанува?!“ – помислив.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)