зарем (чест.) - ќе (чест.)

Зарем ќе противречите на тоа што рече другарот Захаријадис?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Како? Зарем ќе си играме со луѓето. Продолжи разгневено Аргир и направи уште еден чекор до сопственикот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ако мртовците не стануваат зарем ќе бев сега јас тука.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Зарем ќе пропаднат државите, ако му ја задоволиме желбата на едно село... Не?
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Ах, зарем ќе си одите... - им велеа. - Почекајте...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И зарем ќе ми кажеш дека Албанците ама баш воопшто не биле дискриминирани?“
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Или, зарем ако немало ништо, ќе ме прегрнеше тогаш, во фискултурната сала, под разбојот (макар и од бес да ме прегрнала); зарем ќе се согласеше да стоиме така пред сите, пред целиот клас, два долги мига, бескрајни секунди, лице во лице (носевите речиси ни се допираа); и зарем ќе ѝ речеше на својата најдобра другарка (која беше, за среќа и моја другарка, и како што бидува обично во тие младешки години – беше поштар меѓу нас двајцата), зарем, значи ќе ѝ речеше дека песната од први клас сѐ уште ја чува, и дека не прочитала ништо поубаво до сега од таа песна, ама дека не може да се согласи дека девојката опишана во песната е таа, оти таа, Луција, е лоша, грда, недостојна за таа песна; и зарем ќе ѝ речеше на таа девојка дека ја загрижува тоа што од првиот ден во првиот клас веќе не сум ѝ напишал песна, и дека не знае зошто е тоа така?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Добро беше, кога излегоа по тебе во дворот што му рече нему: „Слушај, бреј, копилјаку мајчин. Зарем ќе продолжиш и од нас да крадеш...“
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Тоа и сега го велам”, им рече тој, „ако имаше држава, зарем ќе ме пуштеа жив...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Се вчудоневидуваа - зарем ќе тргне во живот со него! Посебно постарите роднини.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ако толку му значеше, како во почетокот, кога заминаа заедно, зарем ќе ја пуштеше така лесно да отпатува?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
А и да ја кренев главата, зарем ќе го изменев решението?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Луѓето ги влечат за нос потребите. Многу поретко спомените.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ако не постоеја таквите патеки зарем ќе ни се среќаваа помислите на она чудно место каде што ги очекува изненаденоста?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
ИВАН Мајка ми ми има раскажувано и за трските, долу, во полето, покрај реката, и за тоа дека извишуваат високо благодарејќи на многуте коленца што растат едно по друго.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зарем ќе се осмелиме да ги прашаме: Извините, но што правите овде?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На што се должи вашето присуство?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Зарем ќе му кажеш? - речиси во еден глас сите ме прашаа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Еве јас, да одев против власта, зарем ќе го имав овој имот што го имам, зарем ќе имав толку стада и сѐ бели, а?
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)