значи (чест.) - така (прил.)

- Значи така, а? Претпладнево ме лажеше, а? – му се нафрлив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Брат ми знаеше колку можам да бидам незгодна ако се запијачам за нешто и го смени однесувањето: - Слушај, Бреза, не сум те излажал, само убаво размислив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тогаш и Марко пламна: „И ти мене, гусаре!“ - Значи така? - се возбуди Коле.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И вслушувајќи се со ослабнато внимание во утањето на утките од под стреите и на бувот од Камен, и чувствувајќи се некако, победител над нив и над сѐ што тие можат да искобат, гласно повторува: Значи така, значи така, тој, Максим Акиноски се обидува да го припрокрене мракот од душите и умовоте на славјаните во Потковицата и да пушти светлина во нив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Како се облекуваш, значи така се чувствуваш.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)