и (чест.) - неа (зам.)

Кога тоа го дозна Богдан, се исплаши и ја напушти и неа и Пансионот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И да сака, не ќе може да ме спречи, како што и неа на времето не можеше никој да ја спречи...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А потоа и неа ја донесоа в болница на испирање.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Можеби и неа ѝ фали малку...среќа?
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Ова е сериозно, рече. Знаеш ли колку е сериозно ова со народниот дух? Ти и не претпоставуваш!“, рече.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Што сакате вие? А еве ја и неа. Тргнуваме.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И, како што си ја мислам така, туку — оп, еве ја: и неа ја гледам меѓу жените.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Потоа видовме дека ја удрија и неа: ја ошеврати главата и ги заврте белките.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Освен нив тука имаше уште една фотографија на некоја филмска девојка, неа ја донесе чиракот летоска, секогаш му ја оставаа и неа. Змејко најпосле и неа ја избриша од прашината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ама не, децата како да ѝ лазеа по мислата, туку се нафрлија и неа да ја гушкат и бакнуваат, а таа тогаш избликна во едно Оф оф оф миличкте на тетка!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Зар може да има толку многу неправда и неа да ја провира низ твоето минато? Не, златна на тетка, никако!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Ја познавате и неа? - Ја познавам, реков. Сите ги познавам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Гледан отстрана, неговиот бел и смело извиткан лак изгледаше секогаш одвоен и секогаш сам, а го изненадуваше патникот како необична мисла, заталкана и фатена во карпите и во дивината.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Извесно време стоеше над неа, па тогаш ја крена одново раката и со еден силен потег ја избриша и неа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога зазреа ’ржта, пченицата, почнаа и неа да ја крадат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А може некој очи ѝ го зеле, или болеста и неа ја исцица, ја секна.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Клекнувам пред кравата, и неа ја молам. Ја стискам за вимето и ја молам. Се мачам да измолам, да црцне колку за иљач. Ама ништо не пушта.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)