и (чест.) - весник (имн.)

Изминаа речиси две години, но дали навистина се наѕираше крајот на таа авантура?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Циркусот замина по три дена; три дена Луција и Земанек доаѓаа, со брат ми, на портата; јас одбивав да ги видам, оти бев понижен до срж; им порачував да си одат, оти не сакам да ги видам; велеа дека сето тоа било обична игра, дека ќе почнеме одново, дека сѐ било една невкусна шега, заблуда, еден вид лудило; велеа дека ќе сторат сѐ да се вратам; велеа дека Фисот е под истрага, дека самата Партија го суспендирала и го осудила за сослушувањето, дека и весниците направиле афера од тоа, дека моето свидетелство ме чека на масата (никогаш не го подигнав, оти веќе не ми требаше); јас им порачував да ме остават на мир.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Пишуваа и весниците, зборуваше и Радио Москва.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Газдите ни приредија уште една гозба кога стигнавме до двесте метри, дури и весниците го забележаа настанот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)