и (чест.) - срце (имн.)

Сѐ ми разбуди.. сѐ што беше заспало, и срцето и душата и мене ме разбуди, од лошиот сон кој го сонев.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Подоцна, во педесеттите и шеесеттите години, советскиот математичар Владимир Арнолд детално ја анализирал математиката на хаосот во осцилаторите, што е и срцето впрочем.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
А си го слушаме и срцето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми подрипнува и срцето, целата снага.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Всушност, бегал од себе како човек што ги знае туѓите намери и што ги претчувствува изгубените битки на човекот со жена и со три деца. Не, тој човек никогаш не отстапувал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пред Арсо Арнаутче се отворала со омајност златна и сина и сочна синоличка, и тој, од името на својата машкост што му била дадена од господа, можел само да се наведне под пролетна месечина и со жед на пустински камилар да срка пелур, потоа пијан од цветно вино да се закопа со чело во треви и да ѝ ги шепоти на земјата тајните на љубовта; во тој миг можел да биде уверен дека од земјата ќе шурне сребрена вода со чии капки светот ќе си ги излекува и очите и срцата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Можам, можам, не грижи се. Кога ќе легнеш, ќе видиш.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И отишол со таков чекор како да ќе стапи во непомирлива војна со сите сомневања што со змиска мрзливост се влечеле околу живите и им розгале на соништата отров од кој и срцето се скаменувало. Секако.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Петре надодава Гу пулам со мандолина, мислам и срцето му пее!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ама и срцето сака да ми излета.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Му врвел куршумот и му забиоѓал и срце и џигери и сплинка и бубрези. Сите дробови му ги забидел и му излегол под плешката.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И сѐ ти се отвора: и срцето и душата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)