и (чест.) - пак (прил.)

Со денови и читам преданија За змевот што летал Над планини и мориња И пак им се вратил На крвавите очи од кои се родил И останал змев за приказ.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Не фолираше: се мачеше, беше жив грч и броеше еден, два, три, четири, пет, до илјада и двапати повеќе и пак сонот не можеше да се провлече под рампата на неговата свест.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
А тој ме викна вечерта во одајата на укорите, и почна да ме бие веднаш, без збор, без прашање; бараше да му ја откријам тајната ука на виѓавање на невидливото, оти сметаше дека тоа е ука што се учи, а јас ја кријам; и пак ме биеше, а јас му велев дека благодет е тоа, дарба божја што Бог на смерните им ја дава и на горделивите им ја одзема, дека дарбата не се учи како писмото и краснописанието што се учат, дека и сочинувањето сказанија не се учи и дека тоа или го имаш или го немаш, како што човек или се раѓа или не се раѓа, а никогаш не се случува да се роди половина: само со тело или само со душа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И пак задушената влага се влива во дробовите и духот е пак потиснат.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И пак, ноќ, пак ноќ. Слепило. Во неговите волчи катници отровот луто биеше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И пак ни окото не му трепна што лаже.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
И пак се загледуваше надвор во честата темница, кај што нејасно се оцртуваа дрвјата и контурите на планините.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
И пак се засмеа.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
И пак лежев како во напукнат воденички мучник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го зел товарот претежок за жена и го донел на плешки до прагот на куќата со еден прозорец и со напукнат оџак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И пак, сега тој а не Куно Бунгур, извлекол од нејзините заби блесок што ветува возбуди и слатки морници со кои незабележано може да се влезе и во гроб на кој само од себе никнува јоргованче со лилави крилца, под него заљубените да воздивнуваат под ѕвездите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Не е за мене?“ викнав. „Зошто - слеп ли сум, сакат?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Каде е сега оној недозаклан бел коњ, мислев, да ме однесе во длабочините на црногорицата над нашето село?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Времето не им е соујзник. Ги глода. Не се даваат, спомен се, паметник на тага и крв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И пак, денес, не му служат ни на господа ни на човекот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Добро, доста е.“ И пак не ме погледна. „Ноќва спиј во друга куќа и не доаѓај кај нас.Никогаш.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И пак, првпат откако е роден, Дедо Мраз се сети да праша: - Еленчиња, дали некогаш сум бил женет?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Тој почна да вика гласно, да мавта со рацете, да се загледува во секоја тревка – и пак никој не свика по него, ниту пак се обиде да му објасни дека и тоа не смее да се прави.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Ќе скапеш како пес, ќе смрдиш и ќе исчезнуваш и пак нема да се откажеш од мене, од тебе обележана, ѝ велам јас.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ви прераскажувам јас што толку долго бродев Што видов нова земја и ново небо што видов И пак што се вратив одново за да бродам.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)