и (чест.) - сѐ (прил.)

Не, жено, ќе си останев јас на коравата смолница. И сѐ уште ќе бев таму да не ги собраа козите и да не ја заковаа земјата во колективите. Бевме меѓу чеканот и наковалната.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но, фактот што марксистичката идеологија е дел од ‘формата на животот’ на авторот, не е единствен разлог поради кој тој најчесто ја дава неа како пример.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Според него, марксистичката идеологија е најразвиена и најприсутна идеологија во дваесеттиот век, најизграден примерок на идеологија; уште повеќе, марксизмот, како продукт на западната мисла „го задржува легитимитетот не само да биде изучуван и интерпретиран, туку и сѐ уште да биде инспирација“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И сѐ така, стручни шоферски прашања, а јас, натпреварувајќи се со самата себе, се обидував со одговорите да му објаснам за разработениот систем, кој пред фискализацијата навистина така и функционираше, дека сѐ е сиво и како станува бело, небаре утре ќе отвора бутик, па, ете, јас ќе му помогнам околу фактурите, декларациите, увозот, шпедицијата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И сѐ така: црно клопче муви грозни, што бараат рана и гној, и крв да се напијат, а рана не наоѓаат на непорочната душа на Филозофот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се туркаа, викаа и се надвикуваа, за спас се фрлаа во подивените и разулавени води над кои секои неколку минути долетуваа авионите кои во низок лет и заглушувачки виеж митралираа, фрлаа бомби и ракети и веднаш зад нив долетуваа други и со некои бомби што ширеа и дигаа многу пламен, ги доубиваа, ги гореа испопелуваа и мртвите и сѐ уште живите.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Та не слабее сега само Богоја, туку и сѐ живо што му е род и пород.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Затоа толку е грд животот на мојата Кралица Затоа и сѐ почесто ги избегнувам игрите шах.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Немаше зборови. Тишината беше јасна. Нова комисија, проверки, записници. И сѐ поради козите!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Оној крал кој шеташе гол. Долго, меѓу нас речено, шеташе.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Една година шеташе, две години шеташе, седумдесет години шеташе - и сѐ гол.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)