и (чест.) - би (чест.)

И запаливме оган невиден, клада голема, до небо: и кога виде отец Стефан Лествичник дека огнот е добар, рече: добар е огнот и време е да се фрли нечестивиот во него. И така и би.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Така и би, оти следниот миг тој рече: „Ми треба асикрит за оваа работа, и сведок.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И така и би: веќе следниот миг тој ги осветлуваше ѕидовите на одајата и јас знаев дека го бара нечестивиот, фреската негова, сподобието соблазнително и страшно нацртано на сфера, на купола небесна, божја!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тие може и би се согласиле да е тетовскиот говор многу близок со бугарскиот литературен јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)