ли (чест.) - види (гл.)

Несвесно продолжив да чекам кон забелот што се исправаше како од бескрајна темна лочка, чиниш крепост е што чува некоја тајна - ќе се добереш до неа и ќе си ја догледаш судбината до својот суден ден, дури и подалеку, судбината на она што си видел и што си сретнал, на она што ќе остане по тебе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не може човек да сфати нешто што не го чул а камо ли видел. Тоа е како да се обидеш да го сфатиш Бога.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Гривест ат! Навистина ли видов бел коњ во тоа благо утро во кое и каменот се рассонуваше или пред моите усвитени црнки трепетеше павлака на треска загнездена во мене на овој пат?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како и сѐ друго во Америка, така и овој центар има свој ентертејнмент дел: туристите се редат во редици не би ли виделе автентични спејс-шатлови, астронаутски одела и скафандери, хај-тек курци-палци и слични тракатанци.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)