ли (чест.) - со (предл.)

— Горедолу, ќе ватат дватриесет парчиња — рече бабата и го праша Крстета: — Имате ли со попот толку пари?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ќе дојдат ли со вас и мнозина пљачкаши стрвни, - вас ќе ве дочека смело, со божјата помош во борба со душмани крвни в крв ќе запечати дело.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
9.5 Лута змија Во книгата се таи. Ќе ја поткрене ли како камен? Ќе ја надитри ли со студот свој?
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Но, ако секој разговор помеѓу луѓето води кон меѓусебно разбирање: Ќе се престане ли со голтање на апчиња? Не. Ќе се голтаат, ама од хоби.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
— А бре, мудур ефенди, овој работа можел ли со пари да се плати?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Имено, дедо Иван, подозрителен до сржта на коските, долго и сомнително ги премеруваше, се колебаше дали да ги прими и нема ли со тоа, заради извесна парична полза, да си навлече само поголема беда, од која после тешко ќе биде да се откачува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- А не може ли со овој? -праша едно од момчињата кое седи настрана и на кое досега за првпат му се слушна гласот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Јадеше стоејќи. Ги истресе трошките од рацете и му се обрати на командирот на командниот центар кој стоеше настрана: - Ќе може ли со џип да се оди до Лабаница? - Тешко... Падната е карпа...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
После, како бруцош, пронајде и осми рид за еден Фројд. „Иване, вечерва гостува еден полициски челист“, му говореа. „Ќе дојдеш ли со нас?“ Ги држеше подалеку од себе.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Ќе дојдеш ли со мене, кај мене дома, - ме праша Марина кога бевме кај првата раскрсница, - јас не седам веќе овдека, се преселивме со баба ми, - ми рече таа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
„Вошките”, рече Бајко, без срам. „Ами, ќе ораме ли со нив?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Ќе дојдеш ли со мене? - гласот му беше топол, но и решителен.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Не можев да не се свртам. Забелот сега беше поинаков, згуснат и замаглен. Онисифор Мечкојад не стоеше меѓу стеблата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го измислив ли пред тоа, разговарав ли со својата треска што пак со брзи отчукувања почна да ме морничави под плешки?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ја праќаме ли со другарчиња на летување? Не.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Добар ден, - вели тој. – Ви дојдов на гости. Ќе ме почестите ли со колачиња?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Може ли со бензин да се служиме? Да не се запалиме? - Може.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
ЛУКОВ: А подоцна, подоцна, кога потпораснавте... сте се виѓавале ли со него?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)